Кралот на Велика Британија, Чарлс Трети, наводно го предупредил неговиот син Хари јавно да не зборува за неговиот брат, принцот Вилијам, или за кралското семејство воопшто, објави порталот Мирор.
Кралскиот експерт и биограф Том Квин сугерираше дека мемоарите на принцот Хари, „Спер“, објавени лани, создале толку голем притисок врз неговиот однос со кралското семејство што самиот крал морал да го предупреди да не оди пак по тој пат.
Кралот Чарлс Трети побарал принцот Хари да престане да ѝ раскажува на јавноста за животот на неговото семејство бидејќи таквите откритија доведуваат до проблеми. Сепак, не се знае точно како војводата од Сасекс одговорил на барањето на неговиот татко.
– Поплаките во јавноста само ги влошуваат работите, а во случајот на Хари тоа значи дека врските со неговиот минат живот се уништуваат – рече експертот.
На 5 февруари прес-службата на Бакингемската палата објави дека на Чарлс III му бил дијагностициран рак. Поради болеста, монархот привремено ги суспендираше јавните должности. Сепак, на 31 март кралот присуствуваше на велигденската служба во капелата Сент Џорџ во замокот Виндзор. Во јавноста се појави со сопругата.
Принцот Хари го ставил Чарлс Трети во непријатна положба. Според изворот, војводата го принудил својот болен татко да избере меѓу него и кралицата Камила.