More

    СПОТ НА ДНК СНИМЕН ВО ХОТЕЛОТ НА АДОРА НА ЗЛАТИБОР

    spot_img

    Популарното дуо ДНК, на сите музички и социјални платформи синоќа, ја објави најновата песна, преку импресивен видео спот, кој Панчо, Андреј и Теа Трајковска го снимија во 21st Century by Adora, еден од најубавите хотели и омилено место за престој на Златибор.

    „Амајлија“ изгледа и звучи магично моќно во престижниот бутик хотел на градежниот бренд Adora Business Group, кој работи со полна пареа, симболизирајќи ја успешната македонска бизнис приказна Адора во Србија.

    – Снимањето на спотот се одвиваше на Златибор, во извонредниот хотел кој го изградија нашите пријатели од Адора. И, да бидеме искрени, полесен спот до сега не сме снимиле. Тоа е поради одличниот пречек од персоналот на хотелот, бидејќи сè што побаравме од нив, тие ни го овозможија. Нè радува што познати македонски брендови успешно се шират и го потврдуваат својот квалитет и надвор од нашите граници, оставајќи силен и достоинствен печат во регионот, со што се развива и шири и нашата музичка култура – изјавија момците од ДНК, Панчо и Андреј, кои во спотот се во придружба на атрактивната колешка Теа Трајковска, која плени со нејзината убавина и младост.

    Кадрите снимени во 21st Century Zlatibor ги доловуваат префинетите дизајнерски елементи во ентериерот и екстериерот на хотелот на Адора, што визуелно го оплеменуваат музичкиот спот за песната со симболично и впечатливо име „Амајлија“. Адора долги години го поддржува бендот ДНК, со кого ги поврзува иста, 22-годишна возраст и желбата за негување на македонската музика и култура, како дел од општествено одговорниот код на оваа докажана македонска компанија со интернационална репутација. Автори на „Амајлија“ се Панчо и Лазар Цветкоски, а режисер на спотот кој покрај хотелот на Адора, е снимен и на живописните падини на Златибор, е Даниел Јовески.

    Погледнете го спотот за „Амајлија“:

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img