More

    Безбедносните камери не се баш најбезбедни – проверете дали ве гледа цел свет без ваше знаење

    spot_img

    Доколку сакате да набљудувате нечиј живот директно преку безбедносна камера, интернетот ви нуди начин за минување на времето. Начинот е легален, иако големи се шансите „жртвите“ од снимката да не се свесни дека некој ги набљудува.

    Сега можете да гледате луѓе, пејсажи и ред други места низ целиот свет, па дури и во живо да ја гледате кутијата во која живее јапонска џиновска летечка верверичка.

    Веб-страницата „Insecam“ дозволува директен пренос од многу камери ширум светот. Според информациите наведени на веб-страницата, камерите не се хакирани, туку се отворени за пристап и секој може да побара отстранување на погледот од одредена камера.

    На менито можете да пребарувате локации, да ја кликнете сликата со одредената локација и да гледате „низ камерата“.  Подолу има дополнителни информации за координатите каде што се наоѓа камерата, временската зонa, производителот на камерата и др.

    Можете да ја подредите листата од камери според популарност. Меѓу најпопуларните камери се камерите кои снимаат во Токио. Многу корисници на веб-страницата веројатно сакаат да гледаат директен пренос од камери од Токио.

    Се поставува прашањето за приватноста на луѓето кои може да бидат предмет на набљудување. Сепак, овие камери не се домашни, туку се камери поставени на јавни простори во јавни институции, компании, бутици, месарници…

    Но, повеќето не се информирани за постоењето на оваа веб-страница, па нема да побараат отстранување на преносите од одредени камери.

    Има само една камера од Македонија, а таа е од селото Брвеница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img