More

    Беше холивудска ѕвезда, а потоа го напушти актерството и им се посвети на виноградите

    spot_img

    Славната актерка Камерон Дијаз во 2018 година го напушти актерството и холивудскиот гламур и нема намера да се врати во центарот на вниманието. Денеска се занимава со винарство и повеќе внимава на личниот живот. Актерката и нејзиниот сопруг, музичарот Бенџи Маден, се во брак од 2015 година.

    На почетокот на 2020 година, тие ги изненадија фановите кога објавија дека ја добиле ќерката Редикс од сурогат мајка, а во март оваа година пристигна и нивното второ дете. Во подкастот „Рул брејкерс“ на Би-Би-Си, Дијаз зборува отворено за својот живот откако го напушти актерството.

     

    Таа призна дека чувствува дека го направила вистинскиот потег, иако оттогаш одбила филмски понуди вредни околу 100 милиони долари.

    – Паднав во стапицата на Холивуд и станав жртва на сета експлоатација на која се изложени жените. Дозволив да ме третираат како предмет – вели славната актерка.

     

    Камерон истакнува дека сегашниот живот далеку од филмскиот свет, ѝ се допаѓа многу повеќе.

    – Веќе не морам да се грижам за тоа како изгледам. Изгледот буквално ми е последното нешто на ум, преку ден не ми ни паѓа на памет. Живеам како ѕвер, не се ни мијам. Имам милион производи за убавина и сите тие собираат прашина на полиците. Можеби два пати месечно земам некоја крема, ја нанесувам и размислувам – добро, претпоставувам дека е доволно, дали ќе делува ако нанесам само еднаш? Едноставно не сум во ситуација во моментов да трошам енергија на својот изглед – истакнува Камерон Дијаз.

     

    Иако Камерон избегнува јавни настапи, таа е активна на Инстаграм, каде што се пофали со виното што го прави од органско грозје во кое нема шеќер, а ја напишала и книгата The Body Book: The Law of Hunger, The Science of Strength, и Други начини да го сакате вашето неверојатно тело.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img