27-годишна трудница е повредена во невремето што попладнево ја зафати Србија. Во налетот на силен ветар и дожд, на жената на глава и паднал метален лим по што изгубила свест, јавува Б92.
Многу граѓани повикале брза помош и се пожалиле на повреди здобиени во олујното невреме.
Силното невреме проследено со грмотевици, дожд и силен ветар носеше се пред себе во Белград, каде на повеќе места има откорнати дрва и оштетени автомобили и објекти. Падна и огромен кран во Нов Белград.
Делови од Војводина и Белград се без струја, а невремето предизвика штети на повеќе места.
Како што соопштија од РХМЗ, невремето се движи кон истокот на земјата.
Поради крајно неповолните временски услови во Белград, дојде до привремено затворање на белградскиот аеродром, поради што можно е некои летови да бидат пренасочени на алтернативни аеродроми, да има доцнење, па дури и откажување на некои летови кои беа планирани во текот на вечерта и ноќта, соопшти авиокомпанијата „Ер Србија“.