More

    Бејби Лазања влезе на британската топ листа

    spot_img

    Марко Пуришиќ, попознат под псевдонимот Бејби Лазања, кој настапи како претставник на Хрватска на Евровизија со песната „Рим Тим Таги Дим“, доживеа уште еден голем успех – влезе на британската топ листа на синглови.

    Имено, на официјалната страница на британските топ-листи песната „Рим Тим Таги Дим“ е на 70. место, пренесува „Дневник.хр“.

    Освен Марко, во топ 100 влегоа уште три песни од овогодинешниот Евросонг. Свое место си најде и британскиот претставник Оли Александер, кој со песната „Dizzy“ е на 34. место, потоа победничката песна „The Code“ е на 49. место, а исфрлениот Холанѓанец е на 81 место.

    Освен Марко, ваков успех има постигнато само уште еден хрватски изведувач. Иво Робиќ со песната „Morgen“ во 1959 година се најде на 23. место на британските топ листи.

    Бејби Лазања веќе се пофали дека неговата песна е во топ 50 најпуштани песни на Спотифај во светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img