Левица ќе иницира Собранието да донесе декларација за солидарност со палестинскиот народ. Ова во пост на Фејсбук го обнани лидерот на партијата Димитар Апасиев.
„ 3.000 деца загинаа во ГАЗА за само 17 дена! Со букви: ТРИ ИЛЈАДИ ДЕЧИЊА!!! Затоа пратениците на Левица, во македонскиот парламент, ќе поднесат Декларација за солидарност со палестинскиот народ и осуда на израелските воени злосторства поддржани од САД“, напиша Апасиев.