More

    Бајден: Зеленски не сакаше да слуша предупредувања за руската инвазија

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не сакал да ги слушне предупредувањата на САД пред руската инвазија на неговата земја.

    „Многумина мислеа дека претерувам кога зборував за рускиот напад врз Украина пред да започне“, рече Бајден на приемот во Лос Анџелес, каде што се собираа средства за Демократската партија.

    „Но, знаев дека имаме информации во тој поглед. (Рускиот претседател Владимир) Путин ќе ја премине границата. Немаше сомнеж, но Зеленски не сакаше да слушне“, изјави Бајден на новинарите.

    Соединетите Држави почнаа да предупредуваат за подготовките за инвазија на Украина многу пред рускиот претседател да објави „специјална операција“ на 24 февруари, објави Франс прес.

    Овие предупредувања предизвикаа неверување, па дури и критики од некои европски сојузници, кои во тоа време мислеа дека САД претеруваат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img