More

    Бајден ја потпиша досега најголемата американска инвестиција во борбата против климатските промени

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот потпиша пакет инвестиции за климата и здравството, со цел да обезбеди важна политичка победа за демократите на помалку од три месеци пред клучните парламентарни избори.

    Текстот, најголемата инвестиција досега прифатена во САД во борбата против климатските промени, предвидува финансиски стимулации кои ќе и овозможат на американската економија да се сврти кон обновливите извори на енергија, но и ја ограничува цената на некои лекови и воведува минимална даночна стапка за големите компании.

    „Земјата може да се промени. Токму тоа се случува денес“, го изрази задоволството на Џо Бајден во Белата куќа, во говорот со изборни белези што го одржа во пресрет на потпишувањето на реформата наречена „Закон за намалување на инфлацијата“.

    „Се работи за иднината. Станува збор за обезбедување на благосостојбата и напредокот на американските семејства“, рече тој. „Станува збор за покажување на Америка и на американскиот народ дека демократијата во САД сè уште функционира“.

    Џо Бајден првично се залагаше за уште поголем инвестициски план, но самиот факт што ја прифати оваа реформа речиси значи политичко заживување за демократите пред среднорочните избори, кои обично ги губат актуелните претседатели.

    Финансискиот пакет, резултат на тешките преговори со десното крило на Демократската партија, содржи 370 милијарди долари за намалување на стакленички гасови за 40 отсто до 2030 година.

    „Идните генерации ќе го паметат овој ден како ден што го промени трендот против секторот на фосилни горива и во корист на поздрава, почиста и поправедна иднина за сите, низ целата земја“, коментираше претседателот на еколошката невладина организација Сиера Клуб, Рамон. Круз.

    Друг дел од тој сеопфатен инвестициски план има за цел делумно да ги исправи огромните нееднаквости во пристапот до здравствена заштита во САД, особено благодарение на намалувањето на цената на лековите.

    Медикер, јавниот здравствен систем наменет, меѓу другото, за лица постари од 65 години, за првпат ќе може директно да преговара со фармацевтските компании за цената на некои лекови и на тој начин да постигне поконкурентни цени.

    За да се финансираат овие инвестиции, реформата предвидува воведување минимална даночна стапка од 15 отсто за сите компании со добивка над една милијарда долари. Овој нов данок треба да ги спречи големите компании да ги искористат даночните олеснувања што им овозможија да плаќаат помал данок отколку што треба во принцип.

    Се проценува дека оваа мерка треба да и донесе на федералната влада повеќе од 258 милијарди долари приход во следните десет години.

    Ослабена од минатогодишното хаотично повлекување од Авганистан, постојаната епидемија на Ковид и највисоката инфлација во последните 40 години, администрацијата на Бајден имаше тешка година.

    Покрај тоа, нејзините напори честопати беа отежнати поради фактот што таа има многу слабо мнозинство во Претставничкиот дом и во Сенатот.

    Во ноември, покажуваат анкетите, републиканците ќе освојат солидно мнозинство во Претставничкиот дом, а би можеле да победат и во Сенатот, па Џо Бајден би можел да биде „фикус“ само до крајот на неговиот мандат во 2024 година.

    Климатските и здравствените реформи, за кои сите републиканци без исклучок гласаа против, покажуваат дека „Американците победија, а групите за притисок изгубија“, рече американскиот претседател.

    „Можеме да избереме дали да ги заштитиме моќните или да имаме сила да изградиме иднина каде што ќе се нудат можности за сите. Ова е Америка во која верувам“, рече Бајден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img