Американскиот претседател Џозеф Бајден (81) е позитивен на тестот за ковид-19 и има благи симптоми на болеста, се вели во денешното соопштение од Белата куќа.
На Бајден му беше дијагностициран вирусот во Лас Вегас, каде што требаше да зборува на годишната конференција UnidosUS.
Во соопштението се додава дека Бајден ќе се врати дома во Делавер каде ќе се самоизолира и ќе продолжи да ги извршува своите должности. Јавноста, како што се наведува, ќе биде информирана за неговата здравствена состојба додека е во изолација.