More

    Покрената иницијатива за воведување „национални“ училишни униформи

    spot_img

    Учениците во Србија ќе носат училишни униформи кои ќе бидат во боите на националното знаме. Иницијативата доаѓа од министерка за семејство, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски.

    Српската министерка за семејство, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски денеска изјави дека нејзината иницијатива за воведување училишни униформи во основните училишта не е обид некому нешто да се наметне.
    – Да речеме училишни униформи во боите на нашата тробојка, зошто да не. Мислам дека таа почит треба да ја вратиме во основните училишта – рече Ѓурѓевиќ Стаменковски.

    Таа објасни дека тоа ќе биде обид да се создаде дијалог со училиштата врз основа на препораката, за да се „објасни колку е таа важна“.

    „Ние не сакаме никому ништо да наметнуваме, ниту некој да го изедначиме, но треба да има ред, децата да чувствуваат ред. Децата во воспоставениот ред подобро функционираат, подобро растат, имаат подобри навики, имаат некои правила кои тие следат кога ќе научиш да почитуваш одредени правила, се однесуваш многу поодговорно во животот“, изјави Ѓурѓевиќ Стаменковски за телевизијата Пинк.

    Од друга страна, според неа, буџетот на родителите би бил порелаксиран, бидејќи сите деца би биле соодветно облечени за на училиште.

    Таа додаде дека за сето тоа ќе разговара со министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img