More

    Норвешка воведува нови ограничувања за влез на руски државјани

    spot_img

    Норвешка најави дополнителни ограничувања за влез на руски државјани во нордиската земја како одговор на тековната војна на Москва во Украина. Новите правила стапуваат на сила на 29 мај.

    Според новите ограничувања, полицијата може да одбие влез на одредени руски државјани.

    – Одлуката за заострување на регулативите за влез е во согласност со позицијата на Норвешка да застане со сојузниците и партнерите во нивниот одговор на агресивната и незаконска војна на Русија против Украина – изјави норвешката министерка за правда Емили Енгер Мехл.

    На руските граѓани чија цел е туризам и други несуштински патувања ќе бидат одбивани при влез на границата. Ограничувањето се однесува и на оние кои поседуваат визи издадени од Норвешка пред да се ограничат визните практики во пролетта 2022 година и за визите издадени од други земји од Шенген.

    Исклучоци ќе има во одредени случаи, на пример за посета на блиско семејство (родители, сопружници и деца) кои живеат во Норвешка и за руски државјани кои ќе работат или студираат во Норвешка или други земји од Шенген.

    Осло првпат воведе визни ограничувања за руските посетители во пролетта 2022 година, по почетокот на целосна руска инвазија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img