More

    Бајден ги помеша претседателите на Египет и на Мексико

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден направи уште еден гаф на прес-конференција кога ги помеша претседателите на Египет и Мексико.
    – Како што знаете, на почетокот мексиканскиот претседател Сиси не сакаше да ја отвори границата за да дозволи хуманитарна помош да влезе во Газа. Разговарав со него. Го убедив да ја отвори портата – рече Бајден на прес-конференцијата.
    Проблемот е што претседателот на Египет, Абдел Фатах ел Сиси е тој што овозможил хуманитарна помош да влезе во Газа, а не мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, пишува Њујорк пост.

    Весникот посочува дека Бајден направил гаф само неколку минути откако рекол дека меморијата му е одлична, како одговор на извештајот на специјалниот обвинител во кој се наведува дека американскиот претседател има ограничена меморија.
    Бајден ги критикуваше наводите на специјалниот советник Роберт Хур дека американскиот претседател не се сеќава кога починал неговиот син Бо, наведувајќи ги неговите проблеми со меморијата.

    – Како се осмелува да направи такво нешто? Кога ми го поставија тоа прашање, си помислив дека такво нешто не е нивна работа. Меморијата ми е доста добра. Јас сум постар човек и знам што правам – рече Бајден за време на својот говор во Белата куќа.

    Ова е трет гаф на Бајден за неколку дена. Претходно Бајден го помеша Франсоа Митеран, поранешниот француски претседател кој почина во 1996 година, со францускиот претседател Емануел Макрон, а некој ден потоа додека прераскажуваше разговор од 2021 година, американскиот претседател двапати го спомна покојниот германски канцелар Хелмут Кол кој почина во 2017, наместо поранешната германска канцеларка Ангела Меркел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img