More

    Австралија ќе воведе петта доза од вакцината против ковид-19 за сите граѓани на возраст над 18 години

    spot_img

    Во текот на овој месец Австралија ќе воведе петта доза од вакцината против ковид-19 за сите граѓани на возраст над 18 години, кои досега не се заразиле со коронавирус или не биле вакцинирани во изминатите шест месеци, изјави министерот за здравство Марк Батлер.

    – Одлуката го проширува правото на довакцинација на околу 14 милиони лица, што е повеќе од половина од населението во земјата, на кои од 20 февруари ќе им бидат понудени вакцини специфични за варијантата Омикрон – рече Батлер.

    Досега само на лицата со сериозно ослабен имунитет им се препорачуваше да ја земаат петтата доза, а советот беше да го примат бустерот три месеци по четвртата доза.

    Австралија, која е меѓу земјите со најголем број вакцинирани луѓе против коронавирусот, досега има администрирано две дози од вакцината на 95 отсто од луѓето на возраст над 16 години.

    Токму овој пристап и помогна на Австралија да го задржи бројот на заразени со ковид-19 на релативно ниско ниво во споредба со другите развиени економии.

    Меѓутоа во Австралија имаше бавно прифаќање на вакцинацијата, а официјалните податоци покажуваат дека околу 72 отсто ја примиле третата доза, а само 44 отсто четвртата.

    Батлер изјави дека луѓето на возраст над 65 години сè уште се изложени на висок ризик од тешка болест и смрт од коронавирус и затоа ги повика да ја добијат петтата вакцина доколку ги исполнуваат условите.

    -Воведувањето на петтата доза од вакцината ќе помогне да се справиме со она што неизбежно ќе биде следната фаза од следниот бран на Ковид-19 некаде во текот на оваа 2023 годин – рече Батлер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img