Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера го уапсиле Ф.А. (33) од Арачиново поради основано сомнение дека на 11.09.2023 околу 02 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, ги нападнал со остар предмет В.С. (30) и М.Н. (38) од Скопје и им нанел повреди.
„Денеска од страна на ЕНК при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против Ф.А. за сторено кривично дело „убиство во обид“, по член 123 в.в. 19 и „насилство“ по член 386 од КЗ, и во текот на денот тој ќе биде изнесен пред Судија на претходна постапка“ – соопшти МВР.