Антивладини протести во Израел

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Илјадници Израелци синоќа протестираа во Тел Авив поради плановите на новата Влада на Бенјамин Нетанјаху, за кои тврдат дека ги загрозува демократијата и слободата.

Протестите уследија неколку дена откако најдесничарската и најконзервативната влада во 74-годишната историја на Израел положи заклетва.

Организатори на протестот беа левичарски и арапски членови на Кнесетот, кои тврдат дека плановите предложени од новата влада ќе го нарушат правосудниот систем и ќе ги прошират социјалните поделби.

Според левичарите, предлогот објавен од министерот за правда Јарив Левин за реформи на судскиот систем, има за цел е да го ослабне Врховниот суд и ќе ѝ даде моќ на новата владејачка коалиција.

Демонстрантите повикаа и на мир и соживот меѓу Евреите и арапските жители на земјата.

– Тука сме да кажеме јасно и гласно дека сите ние, Арапите и Евреите и различните различни заедници во Израел, бараме мир, еднаквост и правда, истакна претставник на Арапско-еврејското движење – Рула Дауд.

Share This Article