More

    Американската милијардерка ја елиминира втората тенисерка во светот

    spot_img

    Американканската тенисерла Ема Наваро направи мини-изненадување на Вимблдон елиминирајќи ја Коко Гоф од лондонскиот грен-слем. Втората тенисерка во светот беше совладана по само 76 минути со резултат 6:4, 6:3.

    – Имав план за игра, не функционираше. Морам да учам од вакви работи. Чувствував дека се подобрува, но не реагирав како што треба. Морам да работам многу, на форхенд и бекхенд – изјави Гоф по мечот.

    Коко Гоф подобро го започна мечот, направи брејк и имаше поволна стратна позиција, но Наваро возврати двојно и го приведе првиот период кон крајот. Клучниот брејк Наваро го направи во четвртиот гем и таа предност ја задржа до крајот.

    Нејзина следна ривалка на Вимблдон ќе биде Јасмин Паолини, финалистката од Ролан Гарос.

     

    Наваро, 17-та рангирана тенисерка на светската АТП листа, привлече внимание со своите резултати во Лондон, но нејзината приказна надвор од теренот е уште поинтересна.

    Ема е ќерка на Бен Наваро, успешен банкар и инвеститор, чие богатство се проценува на над 3,5 милијарди долари.

    Така, тенисерката која од тениските турнири има заработено нешто помалку од 2 милиони долари, всушност е побогата од Новак Ѓоковиќ (182 милиони), Рафаел Надал (134) и Роџер Федерер (130).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img