По поразот од Интер, тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, вели дека отсекогаш останувал на ставот дека Нераѕурите се фаворити за освојување на Скудетото.
Нероаѕурите сега имаат четири бода повеќе од Јувентус и имаат натпревар помалку против Аталанта на 28 февруари.
Автоголот на Федерико Гати го реши победникот, а голманот на Старата дама, Војчех Шчесни, потоа имаше две одлични одбрани.
„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Првото полувреме беше изедначено, тие постигнаа гол, а ние пропуштивме прилика преку Влаховиќ. Во вториот дел се играше поотворено, позабавно за гледање, а опасни се на контра. Мораме да се подобриме, но во исто време им честитам на моите играчи“, вели Алегри и додава:
„Во јуни не очекувавме да се најдеме во ваква ситуација. Среќни сме од тоа како ни оди, да, лути сме поради овој пораз, но секогаш сум велел дека Интер е фаворит за титулата и јас стојам на тоа. Ако останеме блиску, тоа е добро, а Милан исто така се мачи, па кој знае – нешто неочекувано секогаш демне зад аголот“.
Тренерот на Старата дама вели дека не може да им замерува на своите момчиња.
„Се случуваат негативни периоди, сега се фокусираме на дуелот со Удинезе и Лигата на шампионите. Интер е поискусен, немаме одиграно ваков меч три години, па затоа ја плативме тензијата“, заклучи Алегри.