More

    Албанец застрела тројца млади Грци во Атина

    spot_img

    Тројца млади момчиња, жители на Крит, биле застрелани синоќа во Атина во населбата Гази, по кратка расправија со непознат маж, за кој полицијата и медиумите тврдат дека е албански државјанин.

    Грчката полиција трага по двајца државјани на Албанија, кои и претходно ѝ биле познати на полицијата, поради сомнение дека се обиделе да ги убијат тројцата млади криќани.

    Според очевидци, жртвите и нивните пријатели стоеле на улица недалеку од еден локал, кога осомничените со џип агресивно поминале покрај нив, на што тројцате реагирале со негодување. По кратко довикување, џипот „ленд ровер“ застанал и почнала расправија, а веднаш потоа и физичка пресметка. Во еден момент, едниот од осомничените извадил пиштол и ладнокрвно ги застрелал тројцата момци во глава, што било снимено од камерите.

    Благодарение на брзата интервенција на медицинските екипи тројцата се префрлени живи во болница, каде им е пружена медицинска помош. Едно од момчињата е во особено тешка состојба, било оперирано во текот на ноќта, но неговиот живот е во опасност. Неговиот брат и пријателот, кои исто така беа застрелани, се во тешка, но стабилна состојба, јавуваат грчки медими.

    Полицијата трага по осомничените кои според грчките медиуми и полицијата, се државјани на Албанија. Според „Прототема“, „ренџ роверот“ со кој се возеле наводно бил изнајмен од компанија за лизинг. Напаѓачите го искористиле за да избегаат во неп

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img