Руската државна новинска агенција РИА на својот канал Телеграм објави дека Аеродромот Внуково во Москва е привремено затворен поради појава на дрон во воздушниот простор, јави руската државна новинска агенција РИА.
– Воздушниот простор над аеродромите Калуга и Внуково е затворен поради безбедноста на цивилните авиони – изјави претставник на воздухопловните власти за РИА.
Портпаролот на службата за вонредни ситуации за РИА Новости изјавил дека просторот над аеродромот во Калуга е затворен поради закана од напад со дрон.