More

    Ракел Велч почина завчера на 82-годишна возраст по кратко боледување, а сега во странските медиуми се објавени последните фотографии од актерката во јавноста

    spot_img

    Холивудската икона Ракел Велч почина завчера на 82-годишна возраст по кратко боледување, а сега во странските медиуми се објавени последните фотографии од актерката во јавноста.

    Како што пишува „Дејли мејл“, последен пат Ракел била видена во јавност во јули 2022 година, кога папараците ја снимиле на маникир во салонот за нокти „Џеј енд Џеј“ во Лос Анџелес.

    На фотографиите може да се види како актерката прави разни гримаси додека козметичарката и прави маникир, а Ракел во еден момент ги забележала фотографите и им се насмевнала.

    Ракел се прослави со улогите од 1960-тите во Фантастично патување и „Еден милион години Исус“, и брзо стана една од најбараните ѕвезди во индустријата.

    Нејзиното семејство ја потврди трагичната вест за ТМЗ. Ракел ја доби наградата Златен глобус за најдобра женска улога во мјузикл или комедија за нејзината улога во филмот „Тројцата мускетари“ од 1974 година.

    Во филмот „Еден милион години пред Исус“, таа се појави во оскудно бикини од еленска кожа што ја катапултираше до статус на секс-симбол. Неколку децении подоцна, таа откри дека „за малку ќе умрела“ на снимањето на филмот откако добила воспаление на крајниците додека носела оскудни бикини на лоши временски услови.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img