More

    Дрејк се обложил против нив и изгубил 300.000 долари

    spot_img

    Канадскиот рапер Дрејк на Инстаграм објави дека се обложил во 300.000 долари дека канадската репрезентација ќе ја победи Аргентина во полуфиналето на Копа Америка. Ако погодеше, неговата добивка ќе беше 2,88 милиони долари.

    Меѓутоа, Аргентина ја победи Канада со 2:0 и се пласираше во неделното финале на Копа Америка. Репрезентацијата на Аргентина по натпреварот објави фотографија на која Лионел Меси и неговите соиграчи ја слават победата на социјалните мрежи.

     

     

    На сликата е натписот „Не како нас“ (Not Like Us). Станува збор за песната на раперот Кендрик Ламар која беше објавена на почетокот на годинава и во неа го споменува Дрејк со кој е во кавга. Во песната Ламар го обвини канадскиот рапер дека наводно има склоности кон помладите жени, па дури и го нарече „сертифициран педофил“.

     

    Секако, во оваа објава на аргентинската репрезентација многумина го препознаа нивното исмевање со Дрејк.

    Дрејк и понатаму може да се обложува на канадската репрезентација, која на крајот од неделата игра за третото место. Противникот сè уште не е познат, но ќе биде или Колумбија или Уругвај.

    Додека Аргентинците го чекаат противникот во финалето на Копа Америка, се знае кој ќе ја води музичката програма тој ден. Конфедерацијата Судамерикана де фудбал (КОНМЕБОЛ), највисокото раководно тело во Јужна Америка задолжено за фудбалот, го потврди настапот на Шакира во финалето.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img