Независниот пратеник Скендер Реџепи ќе гласа само за разрешување на министерот за здравство Беким Сали, но не и за другите министри и заменици министри.
– Јас ќе гласам за разрешувањето на министерот за здравство. Без сомнение, бидејќи најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја. За другите министри никогаш нема да гласам да се разрешат – рече Реџепи во гостување на ТВ21.
Тој упати остри критики кон лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, и кон министерот за здравство, Беким Сали.
Реџепи вели дека не може само за Министерството за здравство да се „изгори“ цела Алтернатива.
– Сега сите министри и директори треба да бидат политички егзекутирани затоа што роднина на вашиот клан не успеа да опстане на политичката сцена – вели Реџепи.