Новиот член на Бешикташ и претставник на Босна и Херцеговина, Амир Хаџиахметовиќ им даде поддршка на настраданите од денешниот земјотрес во Турција.
Силен земјотрес утрово ја погоди Турција. Повеќе од сто луѓе ги загубија животите, а најтешко погодени градови беа Газиантеп и Адана. Како што пренесуваат медиумите од местото на настанот, во Турција и Сирија загинале повеќе од 500 лица, а се претпоставува дека оваа бројка ќе се зголеми во наредните часови.
Амир Хаџиахметовиќ на својот профил ја сподели својата поддршка за народот на Турција од неговиот нов клуб.