Деветнаесеттиот е ден на руската инвазија на Украина. Продолжуваат насилните напади и бомбардирањата на украинските градови. Во понеделникот, украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно го повика НАТО да воспостави зона на забранети летови над неговата земја, предупредувајќи дека во спротивно „руски ракети“ би можеле да паднат врз неговите земји-членки.
Утринава нешто пред 18 часот беше погоден блок со станови во киевскиот кварт Оболон.Киев Индипендент пишува дека во моментов гори станбена зграда на девет ката, а пожарникарите работат на гаснење на пожарот.