Дали треба да видам лекар? Ова е прашање кое многу луѓе често си го поставуваат кога ќе почувствуваат промена или необичен симптом, а не знаат дали се работи за нешто привремено или многу посериозно.
Но сериозните состојби или несреќи не се единствената причина за посета на лекар, пренесува Методист. Всушност, според најновите податоци на Центрите за контрола и превенција на болести, најчеста причина за одење на лекар во 2022 година била кашлицата.
Без оглед на вашата ситуација, лекарите нагласуваат дека за повеќето медицински состојби, раното откривање води до подобри резултати. Попатно тие наведоа и неколку промени на телото кои покажуваат дека е време да се оди на лекар бидејќи може да укажуваат на некоја посериозна појава која бара третман, или терапија.
Овие се:
покачена температура која не поминува долго време
кашлица која трае подолго од 14 дена
болки во градите
отежнато дишење
необјаснето губење на тежината
Дигестивни нарушувања
трепка пред очите
ненадејно губење на меморијата
неочекувани симптоми по операција или лекови.
Сите овие се симптоми кои повеќето луѓе ги игнорираат и често се показател дека постои одреден здравствен проблем што треба да се реши што е можно поскоро. На пример, кашлицата која трае долго може да се претвори во пневмонија и да предизвика недостаток на кислород во белите дробови, необјаснето губење на тежината често може да биде знак за рак или некоја автоимуна болест, додека губењето на меморијата може да укаже на можност за деменција, известува Индекс.