Поранешниот грузиски министер за одбрана Иракли Окруашвили се приклучи на Меѓународната легија на украинската армија.
„Иракли Окруашвили во Украина заедно со грузиските доброволци ни помага во борбата против руските окупатори“, се вели во пораката од Министерството за одбрана на Украина, во која се истакнува дека Окруашвили во оваа земја дошол заедно со други грузиски доброволци.
Иракли Окруашвили беше на чело на грузиското Министерство за одбрана од 2004 до 2006 година. Пред тоа беше министер за внатрешни работи.