Анџелина Џоли се повлече од должноста специјален пратеник на УНХЦР

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По 21 година служба, холивудската актерка Анџелина Џоли се повлече од функцијата специјална пратеничка на УНХЦР затоа што сака да „работи поинаку“ и на пошироки хуманитарни прашања, објави во петокот УНХЦР.

„По 20 години работа во составот на ОН, чувствувам дека е време да работам поинаку, директно ангажирајќи се со бегалците и локалните организации“, објасни актерката, според соопштението на УНХЦР.

„Анџелина Џоли е важен хуманитарен партнер на УНХЦР многу долго време. Ние сме благодарни за нејзината десетгодишна служба, нејзиниот ангажман и значењето што го имаше за бегалците и луѓето принудени да бегаат“, рекол високиот комесаријат на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Како специјален пратеник на ОН, Џоли беше во повеќе од 60 мисии ширум светот, привлекувајќи го медиумското внимание на прашањето за бегалците. Таа неодамна ги посети Јемен и Буркина Фасо.

Share This Article