Две лица загинаа во голем пожар во рафинерија во Сибир во источна Русија, соопштија властите.
Пожарот избувнал во рафинеријата во градот Ангарск утрово во 6 часот.
Две лица загинаа, а пет се повредени, од кои едно е пренесено во болница, изјави гувернерот на Иркутската област Игор Кобзев.
Гувернерот, повикувајќи се на информации од службите за итни случаи, рече дека пожарот најверојатно бил предизвикан од истекување на гас.
Отворена е истрага за да се утврди дали имало прекршување на безбедносните прописи.