„Светско пливање” е новото име на светската организација во пливачки спортови која од 1908 година до денес беше позната како Меѓународна пливачка федерација (ФИНА).
Одлуката за промена на името е донесе на вонреден конгрес на Извршниот одбор на организацијата во Мелбурн.
Слична промена пред три години направи и светската атлетска организација која дотогаш беше позната под името Меѓународна федерација на атлетски спортови (ИААФ), а денес делува под името „Светска атлетика”.
Претседателот на Светското пливање Хусаин Ал – Мусалам рече дека отсега за прв пат сите спортисти кои се занимаваат со пливачки спортови ќе бидат обединети „под еден бренд”.
„Потребно ни е име кое го претставува целото семејство на ФИНА, име кое со гордост ќе можат да го користат нашите претставници од уметничкото пливање, скокачите во вода и ватерполистите”, изјави Ал – Мусалам.