More

    Нема дилема за Меси: Знам кој треба да ја освои Златната топка

    spot_img

    Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси, кој не е во потесниот избор за Златната топка за прв пат по 17 години, е убеден дека Карим Бензема од Реал Мадрид треба да ја добие наградата за човек на годината.

    „Мислам дека оваа година не треба да има дилеми. Карим Бензема имаше исклучителна сезона“, призна Аргентинецот за веб-страницата Football España.

    Меси седум пати ја освојуваше наградата за најдобар фудбалер на светот, а според магазинот Франс Фудбал тој е и актуелен најдобар фудбалер на планетата.

    34-годишниот Бензема минатата сезона навистина блесна во сите натпреварувања. Со кралскиот клуб го освои шпанското првенство и шпанскиот Суперкуп, а потоа славеше во Лигата на шампионите и на својата витрина оваа недела со мадридскиот тим го додаде и Суперкупот на Европа.

    Во сезоната 2021/22, Французинот постигна 44 гола на 46 натпревари и додаде 15 асистенции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img