More

    Еве зошто Ѓоковиќ не кажа кој е најголем тенисер во историјата

    spot_img

    Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ призна дека од почит кон сите шампиони не сака да го именува играчот што го смета за најголем во историјата.

    Триесет и шестгодишниот Србин го држи рекордот за најмногу Грен слем титули во сингл кај мажите (24). Вкупно има 99 АТП титули (од кои 98 во сингл).

    – Многу ми е тешко да имам ваква дискусија. Но, мислам дека кога станува збор за тенисот, се чувствувам добро кога луѓето зборуваат за тоа. На крајот на краиштата, колку повеќе луѓе се расправаат за ова, толку повеќе се зборува за нашиот спорт, што само му користи. Но, никогаш нема да кажам кој според мене е најдобар тенисер, тоа ќе им го препуштам на другите. Во основа ја земам оваа позиција од почит кон сите големи шампиони од сите генерации – рече Ѓоковиќ на поткастот „Good Trouble“.

    Претходно, Ѓоковиќ во неколку наврати изјави дека негов главен ривал во кариерата е Рафаел Надал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img