И во Хрватска дојави за бомби: „Зградите ќе бидат урнати. Не го игнорирајте ова“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Врховниот и Вишиот кривичен суд во Хрватска добија дојави за поставена бомба, а во тек е евакуација на вработените. Дојава наводно стигнал до Владата на Хрватска.

„Добивме информации за можни експлозивни направи во неколку судови во градот. Во соработка со одговорните лица на институциите се утврдуваат сите околности“, наведува загрепската полиција за Индекс.хр.

Неколку стотици вработени во Општинскиот и Жупанискиот суд во Сплит се евакуирани од зградите поради дојава за поставена бомба. Оваа информација за Хина ја потврди портпаролот на Жупанискиот суд, Динко Мешин, кој рече дека дојавата за бомбата ја добиле по електронска пошта во 9:24 часот.

Во дојавата наводно пишувало „Зградите ќе бидат урнати”. Не го игнорирајте ова. Бомбата е поставена”.

Полицијата е на терен со кучиња и во моментов се врши увид на објектите.

Share This Article