More

    Жителите на Врбас маки мачат со дивата мачка

    spot_img

    Откако црниот пантер наводно повторно е забележан овојпат во српскиот град Врбас, сега се појавија нови поплаки од мештаните дека дивиот ѕвер распарчил неколку овци во ова место.

    Црниот пантер пред неколку дена наводно бил видел на шеталиштето „Шлајз“ во Врбас, а животното било снимено на само 20 метри оддалеченост од ресторанот и на 50 метри од првата куќа во градот, во населбата Маџаршор.

    На шеталиштето било пронајдено и распарчено тело на куче за кое се претпоставува дека е дело на пантерот.

    Според новите непотврдени сознанија и сведоштва на мештаните, пантерот наводно сега направил нова беља – заклал неколку овци, пренесува порталот Мондо.

    По Врбас, пантерот наводно е забележан и во српското село Србобран.

    Покраинскиот Инспекторат за заштита на животната средина добил видео и од жител на селото Фекетиќ, каде се гледа големо црно животно како трча по атарoтВидеото е кратко, животното брзо трча, па не може точно да се утврди што е. Ловџиите излегле на терен, но не успеале да го лоцираат.

    Јавното претпријатие „Војводина шуме“ на 10 ноември објави предупредување за појава на црн пантер на територијата на општина Апатин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img