More

    Украина ја добива информативната војна против Русија на социјалните мрежи!!

    spot_img

    Веќе во првите денови од руската инвазија стана јасно дека Украина доминира во информациската војна на социјалните мрежи, сметаат аналитичарите.Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште е затворен во бункер во Киев за време на тешките бомбардирања, неговата влада изврши сеопфатен напад на социјалните мрежи и доби поддржувачи. Секојдневните обраќања на Зеленски на видеа, главно со англиски преводи, станаа вирална сензација. Министерството за одбрана и за надворешни работи го величаат воениот отпор на Украина со графики што привлекуваат внимание.

    Украинците објавуваат видеа од успесите на нивните сили кои брзо се прошируваат. Тие вклучуваат украинска ракета што собори руски хеликоптер и украински селанец кој влечеше заробено руско оклопно возило со трактор. Снимките од Украинците како липаат среде градските урнатини откако Русија ги засили бомбардирањата, исто така емотивно ги допре луѓето ширум светот.

    Меѓу неколкуте непроверени популарни тврдења се и таканаречениот „дух на Киев“, летечки ас кој наводно соборил десетици руски воени авиони и жена од Киев која, како што велат, соборила мал руски дрон со тегла кисели краставички. „Во првата фаза од конфликтот, кога се гледа меѓународното мислење, Украинците се очигледно во предност“, рече Баптист Роберт, основач на Predicta Laba, француска компанија која се бори против дезинформации.

    „Највпечатливо е тоа што е природно“, рече тој. „Постои вистинска желба на Украинците да ја документираат оваа војна. Кога нешто ќе се случи, веднаш почнуваат да снимаат со мобилни телефони“.

    Имаше и претерувања
    Роберт рече дека повеќето од проукраинските видеа што може да се видат на Твитер се вистинити. Но, имаше и такви за кои подоцна беше откриено дека се претерани. Во раните фази на војната имаше приказна за 13 херојски украински граничари од Змискиот остров кои беа убиени затоа што не сакаа да им се предадат на Русите, а пред тоа ги пцуеја на радио. Украинската влада подоцна призна дека сите преживеале, но негираше дека дезинформациите биле објавени намерно.

    Русија е позната по тоа што користи такви тактики. Таа е обвинета за ширење дезинформации за време на претседателските избори во САД во 2016 година во корист на Доналд Трамп.

    Но, во овој случај, штетата е на московската страна. Покрај тоа што е непопуларна на Запад, почетната фаза на војната досега е далеку од успешна за Кремљ, велат независните аналитичари. Ги гледам (Русите) како се прилагодуваат на бојното поле, се реорганизираат и повторно се обидуваат“, рече Емили Хардинг, заменик директор на Центарот за стратешки и меѓународни студии. „Но, сепак ќе биде потребно време за да профункционираат промените.

    Путин се грижи за Путин
    Русија, сепак, не е премногу загрижена за јавното мислење надвор од земјата. Нивните напори се насочени кон одржување на поддршката на граѓаните за претседателот Владимир Путин.

    Русија во последните денови ги затвори последните бесплатни медиуми во земјата, го блокираше Фејсбук и го ограничи пристапот до Твитер. „Точно е дека тие (Украинците) победуваат. Но, на крајот на денот, публиката за која Путин најмногу се грижи се неговите граѓани и нивното мислење за него“, рече Дарен Линвил, главен истражувач во лабораторијата за истражување на медиумите на Универзитетот Клемсон во САД.

    „Мислам дека повеќето Руси ја купуваат таа приказна.

    Со силниот украински отпор кој ја принуди Москва на подолга војна отколку што планираше Кремљ, најверојатно ќе започне нова фаза од информациската војна. Ако поради руската армија паднат повеќе украински градови, „ќе има нова информативна војна меѓу областите кои даваат отпор и контраинформациите наметнати од Русите“, додаде Роберт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img