More

    223 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа, информира Министерството за здравство

    spot_img

    Направени се 2.365 тестови, а регистрирани се 223 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

    Во Скопје има 131 новозаразен, Прилеп 19, Битола 15, Тетово 11, Куманово и Велес по 7, Штип, Неготино и Ресен по 4, Кичево, Струга и Кратово по 3, Гостивар, Охрид и Свети Николе по 2 и по еден нов случај во Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар и во Демир Хисар.

    Од вкупниот број на позитивни (223), регистрирана е 37 реинфекција, а оздравени се 174 пациенти.

    Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: две починати лица од Скопје (74г и 75г) и едно починато лице од Струмица (82г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

    Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Тетово (78г). Починатиот е пријавен на 24.02.2022. Пријавеното лице е починато во болнички услови.

    Од вкупниот број на починати лица, кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

    Направени се 2.365 тестови преку: ИЈЗ-137, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-75, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-35, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–95, Жан Митрев (Филип Втори)-36, Авицена-64, Биотек-72, Систина-30, лабораторија Лаор-120, Синлаб-10, Ремедика-3, Плодност-15, Генеа-4, Никоб Лаб-180, ВФВ Медикал-82, Ели Медика-17, Ројал Медика–16, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–8, Нова Лаб Дијагностика–7, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.235.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.906.808 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.642, бројот на оздравени пациенти е 287.692, на починати е 9.079 а бројот на активни случаи изнесува 2.871.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img