More

    Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје поднесе 14 амандмани

    spot_img

    Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Советот на Град Скопје поднесе 14 амандмани на ребалансот на буџетот на градот, кои се решение за голем број горливи проблеми на скопјани, соопшти опозициската партија.

    „ФК Вардар повеќе од 75 години е поим за спорт во Скопје, тој со децении го промовира градот во државата, но и надвор од неа. Клубот заради проблемите во кој се најде се соочува со финансиски потешкотии и веќе втора година по ред игра во втора лига. Вардар има реални шанси да се врати во Првата лига, но за да може истото да го оствари потребни му се финансиски средства за да ги издржи сите трошоци до крајот на натпреварувачката сезона. За таа цел со амандман предвидуваме 15 милиони денари за клубот. Втор амандман за спортот е давање средства за реконструкција на стадионот на ФК Напредок, кој заради лошата состојба во која што се наоѓа не може да се користи ниту за тренинг, ниту за играње на натпревари. Со амандманите ја покриваме секоја област. Предвидуваме амандман за одвојување на 15 милиони денари за парична помош за социјално загрозени лица погодени од енергетската и финансиската криза. Оваа мерка е со опфат на 13.000 семејства, приматели на социјална помош, стари и изнемоштени лица,  на кои ќе им се помогне со субвенционирање на потрошената електрична енергија“, се вели во соопштението.

    Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата смета дека е потребно да продолжат работите на Универзална сала, и со таа цел предвидено е одвојување на 15 милиони денари за реконструкцијата на Универзална сала, која е еден од симболите на градот, посочено е во реакцијата.

    „Покрај спортот, културата и социјалната заштита Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата предвидува и неколку амандмани со цел создавање квалитетна инфраструктура. За таа цел предвидуваме одвојување на 10 милиони денари за изградба на монтажна катна гаража во Општина Карпош, 20 милиони денари за реконструкција и санација на улицата Христо Татарчев, што ќе значи реконструкција и санација на коловозот, пешачките патеки и фекалната канализација. Предвидуваме и 10 милиони денари за улицата Перо Наков, која е една од најфреквентните улици во Гази Баба и претставува единствено место за влез и излез на жителите на Ќерамидница. Предвидуваме реконструкција на ул. Фрањо Клуз за што предвидуваме 7.6 милиони денари. Со ова се подобрува конекцијата на над 5.000 жители на Аеродром со главните булевари во општината. Заради олеснување на движењето на скопјани во делот на Ѓорче Петров, бараме со амандман да се издвојат 6 милиони денари со цел пробивање и поврзување на улиците Социјалистичка зора со улицата Сремски фронт, како и нивна санација. Поднесуваме амандман за одвојување на 3.6 милиони денари за реконструкција и санација на улици во општината и 10 милиони денари за реконструкција и санација на улица Максут Садик, со што ќе се реши деценискиот проблем на жителите на населеното место Топаана, а која се наоѓа на само 1 километар оддалеченост од строгиот центар на Скопје. Со амандман се предвидуваат и 3 милиони денари за реконструкција на улицата 30 во населеното место Љуботенски пат во Општина Бутел. Сѐ поголем број посетители на Матка, но и жителите на Долна Матка во Сарај кои се движат по улица 2 во Долна Матка имаат потешкотии кога се движат по улицата, која има потреба од санација и реконструкција, за таа цел предвидуваме 1 милион денари. Ги повикуваме сите советници во Советот на град Скопје да ги поддржат овие амандмани, бидејќи тие се со цел развој на Скопје, со овие амандмани се опфатени скоро сите области од живеењето во градот и сите делови од истиот“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img