Од центарот на напуштениот Херсон пристигна видео кое на Твитер го објави украинската новинарка на Би-Би-Си, Мирослава Петс. На видеото се гледа како граѓаните на Херсон го слават ослободувањето на градот со веење украински знамиња, пренесува Индекс.
Slavlje u Hersonu
„Херсон се враќа дома. Русија го напушти градот со празни раце. Инвазијата на Украина никогаш не беше добра идеја. Оваа војна ќе ја трансформира Русија, но не на начинот на кој Кремљ планираше. Рајот на Руското царство е тука, во Украина“, објави таа покрај видеото.