На 07.11.2022 во 16 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(35), Д.З.(44) и Ф.А.(47), сите од Куманово. При претрес во домот на М.А., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати Д.З. и Ф.А., кај Ф.А. биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.