Во Франција штрајкот на вработените во рафинеријата „ТоталЕнерџи“ продолжи на уште пет локации, додека на земјата и се заканува недостиг на гориво.
Министерот за економија и финансии Бруно Ле Мер изјави за француската онлајн телевизија BFMTV дека е неопходно „да се ослободат складиштата за гориво“ кои беа блокирани од штрајкувачите речиси три недели.
Ле Мер рече дека времето за преговори поминало откако неодамна беше постигнат договор меѓу раководството на компанијата и двата мнозински синдикати за зголемување на платите. Сепак, договорот беше отфрлен од една од главните синдикални конфедерации во Франција (CGT), која е и иницијатор на штрајкот.
ГГТ планира штрајк и за утре, а ги покани и другите синдикати да се приклучат.