Уште четворица пациенти поради труење со печурки, вкупно десет, се хоспитализирани во Националниот центар за контрола на отрови при Академијата за медицински науки во Белград.
Осум лица се во тешка состојба, потврдија за РТС.
Еден хоспитализиран пациент е од Лајковац, а другите се од Шабац, а сите пациенти јаделе печурки што ги купиле на шабачкиот пазар.
Поради труење со печурки, покрената е истрага и приведена е 72-годишна жена осомничена за дело против здравјето на луѓето и одредена и е мерка притвор до 48 часа.