More

    Подготвувајќи се за погребот на кралицата Елизабета Втора, кој започна денеска во 12 часот, Британија се најде пред голема задача

    spot_img

    Подготвувајќи се за погребот на кралицата Елизабета Втора, кој започна денеска во 12 часот, Британија се најде пред голема задача

    Денеска напладне почна државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, британскиот монарх кој на тронот беше 70 години.

    Нејзиниот ковчег претходните денови беше во Вестминстерската сала, каде илјадници луѓе со часови чекаа во ред за да и оддадат почит на својата кралица.

    Несомнено, смртта на Елизабета Втора, која почина на 8 септември на 96-годишна возраст, погоди многу Британци и добар дел од светот, но… Не можеме да го игнорираме фактот дека Британија се соочи со овој немил настан среде економски колапс, кога фунтата е на најниско ниво во последните 37 години.

    Трошоците за погребот на кралицата секако не се мали и ќе се одразат на и онака ранливиот државен буџет. Економски гледано, колку ќе ги чини Британците да ја погребаат својата сакана кралица?

    Според порталот albawaba.com, трошоците за цели 10 дена од 11 дена жалост ги покрива кралското семејство, додека тековниот еднодневен државен погреб ќе го покрие владата на Обединетото Кралство.

    Проценка е дека само погребот ќе ја чини владата повеќе од 9 милиони фунти, доколку се верува на тврдењата на поранешниот службеник на кралското обезбедување.

    Иако оваа бројка ги покрива подготовките за самиот погреб, ковчегот на кралицата, како и трошоците поврзани со пристигнувањето на локални и меѓународни лидери да присуствуваат на погребот, бројката сепак претставува еден од најголемите еднодневни трошоци во историјата на Британија.

    Медиумски извори, исто така, истакнаа дека државниот погреб ќе биде една од најголемите полициски операции во Велика Британија, бидејќи разузнавачките агенции ќе соработуваат со лондонската Метрополитен полиција и Тајната служба за да обезбедат целосна безбедност.

    И додека цената на погребот покренува многу прашања за способноста на британската економија да преживее толку големи трошоци, во време кога страда од најлошата инфлација во последните 40 години (надминува 10% во август), многумина забележуваат дека 12-дневната жалост имаше уште попогубно влијание врз Обединетото Кралство и граѓаните.

    Како што пренесува AJ+, смртта на кралицата ќе ја чини британската економија 6 милијарди фунти, што ги покрива не само трошоците за погреб, туку и крунисувањето на кралот Чарлс III, како и трошоците за сите промени што се очекуваат во земјата за време на новата ера на монархијата, вклучувајќи патни документи, монети и многу повеќе.

    Исто така, пресметано е дека станува збор за 90 фунти по човек, ако се земе предвид 65-милионската популација.

    Се стравува и дека прекинот на економските активности што се претпоставува денеска, на денот на државниот погреб, ќе има негативно влијание врз економијата на Велика Британија. Потсетуваме дека Хитроу ги суспендираше сите летови за 19 септември.

    Експертите укажаа на пад од 0,6% на БДП на Обединетото Кралство во минатиот јуни, поврзан со националните прослави на платинестиот јубилеј на кралицата и други јубилејни церемонии одржани во текот на месецот.

    Сегашните проценки, пренесени од „Fox Business“, велат дека денешното „затворање“ на економијата ќе ја чини Британија околу 2,6 милијарди долари. Иако, се очекува пораст на туризмот, но можеби нема да биде доволно профитабилен  и да ги надомести загубите.

    Потсетуваме дека само два дена пред смртта на Елизабета Втора, Британија доби нова премиерка Лиз Трас, која ќе продолжи да се бори со економскиот колапс и енергетската криза. Се стравува дека кризата ќе погоди речиси 70 милиони луѓе низ Велика Британија оваа зима.

    Во текот на зимата 2021/22, цените на енергијата се зголемија за 27% во Обединетото Кралство, што значи дека зимата 2022/23 ќе бидат уште построги, имајќи ги предвид промените во достапноста на гас за европските земји. Минатиот мај, британските медиуми објавија дека повеќе од 2 милиони луѓе ширум земјата „не можат да си дозволат храна секој ден“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img