Во тек се преговорите со „ТЕ-ТО“ за и овој капацитет да работи во текот на зимата, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Како што информира Ковачевски, моментно се разговара за деталите.
– Во моментов преговараат министерот за економија и компаниите од електроенергетскиот сектор. Се разговара со ТЕ-ТО за деталите. Штом ќе има договор, тогаш ќе можеме да информираме – истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбедност.