Шест месеци војна беа поевтини од гасот, нафтата и од енергенсите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Војната досега Русите ги чинела 100 милијарди евра, но приходите кои земјата ги остварила од гасот, нафтата и другите енергенси изнесуваат 158 милијарди, односно 58 милијарди повеќе. Ова значи дека Русија е сѐ уште во плус по шест месеци војување, анализира Центарот за истражување на енергија и чист воздух (ЦРЕА).

Во анализата на CREA се пресметани извозот на нафта, гас и јаглен од 24 февруари до 24 август, а со користени податоци од остварениот речен и морски сообраќај, како и протокот енергенси преку гасоводите.

Според тие податоци, ЕУ е најголемиот извозен пазар на Русија со 85 милијарди евра, а по неа следува Кина со 35 милијарди евра.

Во рамките на ЕУ, на прво место е Германија како увозник на енергија од Русија во вредност од 19 милијарди евра.

И покрај намаленото количество извоз, Русија сепак остварува рекордни приходи од продажба на фосилни горива, нагласува Лаури Миливирта од ЦРЕА.

– За да се справат со тоа, владите морат да ги зголемат тарифите, да воведат ограничувања за увозот од Русија и да спроведат мерки за штедење – рече тој, притоа нагласувајќи дека пред сѐ мора да се намали потрошувачката на нафта и на гас.

Share This Article