Одгледувачите на овци најавија протест, бидејќи се уште нема абер од субвенциите за 2021 година. Тие ќе организираат протест и ќе бараат оставка од министерот за земјоделство кој им ветувал дека субвенциите ќе им се исплаќаат авансно, јави телевизија Сител.
– Субвенциите требаше да се исплатат до 30 јуни, а веќе сме крајот на август. Донесовме решение да побараме оставка од овој министер кој за нас не е министер. Истиот тој ни кажа, не ме притискајте, ќе гледам да ги исплатам субвенциите во најбрз можен рок. А тоа значи до крајот на април да ги земете субвенциите – објасни Митко Јанков, претседател на здружение „Агро центар“ од Велес.
Сточарите се жалат дека сточната храна е со астрономски цени.
– Имам само еден апел до сите политичари во Македонија, да мислат малку на оваа гранка, овчарството. Дали мислат дали целосно да го уништат или не. За време на Југославија, Македониија имаше од 2 до 3 милиони грла на овци, сега имаме само 400.000 – изјави Амет Скендер, претседател на здружение „Даши“ од Дебар.