Деновиве продавниците за сефови за оружје во Србија забележаа прекумерна побарувачка и веќе секоја од нив прави листа на чекање, бидејќи се е распродадено.
По трауматичните настани на почетокот на месецот во кои беа убиени голем број луѓе и построгите мерки од српската влада, побарувачката на сефови се проценува дека е зголемена за 20%, пишуваат српските медиуми.
Според нив, Во Белград речиси и да нема специјализирана продавница каде што може да се купи сеф. Сите во моментов се распродадени, па се прават списоци на чекање на кои има и по повеќе од 50 имиња. Продавачите велат дека секојдневно се јавуваат повеќе од 100 заинтересирани и сите добиваат ист одговор – се е продадено.
Најбарани се помалите сефови за пиштоли, но и малите брави за заклучување на оружјето.
Законот јасно пропишува како оружјето мора да се чува во сеф.
– Сефовите имаат посебни фиоки и посебен дел за пиштоли, и двата се заклучени, муницијата би морала да биде во согласност со законот, да се чува одделно во тие фиоки или прегради, самата брава е многу важна. Исто така, тоа е многу важно со сефот прикачен на ѕид, под или плакар – изјави еден од продавачите за државната телевизија.
Во Законот за оружје и муниција е дефинирано и пренос на оружје во посебни случаи, а оружјето во сефот мора да се чува на адресата заведена на личната сметка.
Никој освен сопственикот не треба да знае каде се клучевите. Бидејќи моментално нема сефови на пазарот, а побарувачката е голема, се повеќе луѓе избираат да започнат нов бизнис – правење сефови.