Претседателот на Русија Владимир Путин одржа говор на изложбата на оружје во близина на Москва и се пофали со напредното руско оружје. Тој во говорот потенцира дека Русија ги цени своите врски со земјите од Јужна Америка, Азија и Африка и оти е подготвена да им понуди модерно оружје на своите сојузници.
– Подготвени сме на нашите сојузници да им понудиме најсовремени видови оружје, од мало оружје до оклопни возила и артилерија до борбена авијација и беспилотни летала. Речиси сите од нив се многупати користени во вистински воени операции – посочи Путин.