Поранешниот играч на Реал Мадрид, 52-годишниот Карлос Секретарио, заврши на интензивна нега откако доживеа мозочен удар за време на викендот, објавија спортските медиуми.
Прво беше објавено дека Секретарио бил на интензивна нега по сообраќајна несреќа, но „О Јого“ подоцна потврди дека поранешниот дефанзивец доживеал мозочен удар.
Секретарио се прослави како одличен десен бек. Врвот на неговата кариера дојде во сезоната 1996/97 кога играше за Реал Мадрид.
Секретарио има одиграно 13 натпревари со тимот на Реал Мадрид со кој ја освои титулата во Ла Лига.
Главниот успех го постигна за време на престојот во Порто. Шест пати ја освојуваше титулата во португалската лига, а пет пати и купот на земјата.
Тој исто така беше дел од тимот кој ја освои Лигата на шампионите во 2004 година под водство на Жозе Мурињо.
Секретарио, исто така, одигра 35 настапи за репрезентацијата на Португалија, помагајќи му на тимот да заврши на третото место на Евро 2000 година.