Застрашувачка сцена ги вознемири капачите денеска на плажа на Халкидики, Грција, кога недалеку од брегот се формира огромно торнадо.
Туристи кои одмарале на плажата Паљури на југот на Касандра снимиле огромно торнадо кое одеднаш се формирало недалеку од брегот.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа пијавица со застрашувачка големина.
– Изгледа како чудовиште – напиша една преплашена жена на социјалните мрежи.
Други се обидоа да ја смират ситуацијата.
– Чест и познат временски феномен. Тоа се случува речиси секоја година. Само сега е поголем по претходно. Опасност за чадорите. Нема врска со еколошка хистерија – додаде друг корисник.