Пред само еден месец се појави веста дека 91-годишниот милијардер Руперт Мардок ја напуштил сопругата Џери Хол преку е-пошта. Брачната двојка сега и официјално е разведена, а за рекордно време, откако пред неполни 10 дена, сега веќе поранешната сопруга му ги доставила хартиите во моментот кога ја напуштал свадбата на внуката.
Многумина тоа го протолкуваа како начин на одмазда за Хол, која наводно се уште го сака својот сопруг и не се помирува со новонастанатата ситуација, а нејзините адвокати потоа пронајдоа дупки во предбрачниот договор, според кој таа има право на отштета.
Како што стојат работите, изгледа дека поранешната топ-моделка си заминала со голема сума на сметката, бидејќи, според адвокатот, Мардок ја обезбедил за цел живот да не размислува за финансиите.
Иако не се знае точната бројка, познато е дека таа и понатаму ќе може да го живее гламурозниот живот на кој е навикната. Исто така, адвокатите и на Мардок и на Холо велат дека поранешните сопружници останале во пријателски односи.
Џери е четврта сопруга на славниот богаташ, а иако има 91 година, неговото семејство стравува дека тој може повторно да се ожени. Поранешната манекенка и поранешна девојка на Мик Џегер и Брајан Фери, го кажа судбоносното „да“ по само пет месеци врска, а потоа организираше скромна церемонија во Спенсер Хаус.